Сицилијанскиот мафијашки бос останува во притвор во Велика Британија

Од:

Судот во Лондон му одреди денеска притвор на мафијашкиот бос, кој е уапсен во британскиот главен град по речиси 20 години бегство од италијанските власти.

Во текот на сослушувањето во Судот е наведено дека Доменико Ранкадоре (64), познат како Професорот, бил дел од бандата, која „сеела страв во Сицилија“ и еден од лидерите на Коза Ностра.

Одбиено е барањето на Ранкадоре да биде пуштен на слобода со кауција, бидејќи избегнал апсење, откако дошол во Велика Британија пред 20 години, живеејќи под лажното име Марк Скинер.

Тој е уапсен во средата во неговата куќа во Аксбриџ, во западен Лондон.

Италијанските власти трагаат по него поради издржување седумгодишна затворска казна, на која е осуден во отсуство поради „учество во мафијашка организација“ на Сицилија меѓу 1987 и 1995 година.

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот