Сибиха: Русија треба веднаш да го достави својот меморандум за предлозите за прекин на огнот

Од:

Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха изјави дека Русија треба веднаш да го достави својот „меморандум“ со предлози за прекин на огнот до Украина, наместо да чека до понеделник.

Како што објави Укринформ, Сибиха го изјави ова на социјалната мрежа X, коментирајќи ја изјавата на рускиот министер за надворешни работи Лавров дека Москва ќе биде подготвена да ги достави своите предлози во понеделник за време на втората рунда разговори во Истанбул.

„Зошто да се чека до понеделник? Ако Русите конечно го составија својот „меморандум“ – по десет дена размислување и напади – тој може веднаш да ни биде доставен“, рече тој.

Би можело да ве интересира

Русија изврши масивен напад врз Киев, погодени се енергетски објекти и складиште за муниција

„Секој педа руска земја ќе биде вратенa“ – нова порака од Москва

Најмалку три лица загинаа, а 11 се повредени во руски напад врз пазар во регионот на Одеса

Русија и Украина договорија голема размена на воени заробеници

Зеленски го отфрла повлекувањето од Донбас: Нема да се откажам од таа територија заради мир

Лавров: И покрај длабоките политички разлики, подобро е да се разговара со САД