Сибиха: Мораме да го принудиме Путин да склучи мир

Од:

Министерот за надворешни работи на Украина Андриј Сибиха денеска изјави дека рускиот претседател Владимир Путин треба да биде принуден да склучи мир, а не да моли за тоа.

„Последниот масовен руски воздушен напад беше одговорот на Путин на сите оние кои неодамна го посетија и го повикаа. Путин јасно стави до знаење дека сака војна и продолжува да зборува со јазикот на ултиматумите. Треба да го принудиме да склучи мир, а не да го бараме тоа од него“, нагласи украинскиот министер на заедничката прес-конференција со австрискиот колега Александар Шаленберг во Виена.

Според него, Русија продолжува со бруталните напади врз енергетскиот систем на Украина, а последниот таков напад бил еден од најголемите. ”

Руските ракети дури беа насочени кон објектите на нашиот нуклеарен систем. Ова е важно да се нагласи, бидејќи е создаден реален ризик од нуклеарен инцидент“, рече тој, пренесува Укринформ.

Шаленберг изјави дека Русија намерно го ескалира конфликтот, вклучувајќи ги севернокорејските трупи, но исто така ја користи енергијата како оружје, не само во Украина.

Би можело да ве интересира

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија

Зеленски за рускиот напад на Днепар: Мора да извршиме притисок врз убијците

Дете загина во експлозија на нагазна мина во регионот Белгород

(ВИДЕО) Масовен руски напад на Днепар: Има мртви и ранети, горат куќи и училишта

Горан Наумовски

Данска ќе испрати војници на обука во Украина

Калас: Не знам зошто Трамп го обвини Зеленски за војната во Украина