Си: Светот треба да го отфрли менталитетот на Студената војна

Од:

Дејствата кои поттикнуваат конфликти и ги кршат меѓународните норми се „премногу чести“ и светот треба колективно да го отфрли менталитетот на Студената војна и блоковската конфронтацијата, се наведува во пишаната изјава на кинескиот претседател Си Џинпинг.

Тој исто така потенцира дека сите треба да го отфрлат унилатеризмот, протекционизмот и секој обид за вмешување на политиката и оружјето во економските и трговските односи.

Си ги повика и бизнис лидерите „активно да се вклучат“ во „реформите на Кина, напорите за отворање и модернизација и да придонесат за зајакнување на развојот и просперитетот на азиско-пацифичкиот регион и светот“.

Кинескиот претседател требаше да има говор на Форумот на Азиско-пацифичката економска соработка (AПEК) во Бангкок, но поради недоразбирања за распоредот на обраќање, дел од учесниците го откажаа настапот.

Би можело да ве интересира

Путин оди во посета на Кина

Кина се подготвува за војна: Итно се интензивира воената обука, безбедноста е нестабилна

А1он