Си го упропастила лицето со киселина

Од:

Британската полиција се сомнева дека Наоми Они (20) од Дагенхам во Стратфорд, која тврди дека кон крајот на минатата година непозната личност ја нападнала со киселина и и го упропастила лицето, всушност сама го направила тоа.

Имено полицијата пронашла дека девојката на својот компјутер пребарувала интернет страни, на кои се зборува за напад со киселина.

Односно според нив таа го набљудувала случајот на манекенката Катие Пипер која станала позната, откако нејзиното поранешно момче и го унакажало лицето со киселина.

Наоми Они работи во Викторија Сикрет, а според неа нападот се случил кога се враќала од работа.

Таа на полицијата и изјавила дека ја нападнала жена со муслиманско потекло, бидејќи носела традиционален вел преку лице.

Они остана без делови од кожа, коса и трепки, а нејзиното семејство ја обвини полицијата дека не направила доволно за да го пронајде насилникот.

Сепак во текот на истрагата притворени се едно момче и девојка, кои што се осомничени.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот