Си-Ен-Ен: Студен прием на Барак Обама во Саудиска Арабија

Од:

Американакиот претседател Барак Обама кој се наоѓа во дводневна посета на Саудиска Арабија наиде на „студен прием“ во Ријад, јави Си-Ен-Ен, објаснувајќи го тоа со укинувањето на санкциите кон Иран, како и со потенцијалната можност американските граѓани да може да ја тужат Саудиска Арабја за нападите од 11 септември 2001 година.

Според телевизијата, во разговорите на Обама со саудискаиот крал Салман, двајцата политички лидери изгледа не се согласиле, како околу Техеран, најголемиот ривал на Ријад во регионот, така и за Сирија и Јемен, но и за борбата против милитантната исламистичка група Исламска држава (ИД).

Белата куќа во официјалното соопштение издадено во Вашингтон по разговорите, посочува дека двајцата лидери „го афирмирале нивното историско пријателство и длабокото стратешко партнерство“.

Саудиските весници главно ја поздравуваат посетата на американскиот претседател, додека провладиниот весник „Ал Ријад“ им сугерира на двете страни да работат за „ново градење на довербата“, но весниците во регионот се покритички.

Заливскиот весник „Ал Хајат“, кој е под саудиска контрола пишува дека оваа посета е организирана за „збогување на Обама“ и дека тој нема повеќе да биде од полза или од значење за земјите од Персискиот Залив.

Панарапскиот „Ал Араб ал Аламија“ проценува дека клучните прашања во односите на регионот со САД се префрлаат за решавање на идната админстрација во Вашингтон, додека либанските весници го обвинуваат претсдателот Обама дека живее во „илузии“ кога станува збор за обновата на односите со Иран.

Барак Обама престојува во Ријад во веројатно последната посета на Саудиска Арабија во својство на претседател на САД.

Разговорите со кралот Салман се одржаа непосредно пред денешниот Самит на Советот за соработка на земјите од Персискиот Залив, па во текот на денешниот ден Обама ќе се сретне и со лидерите на Кувајт, Катар, Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), Бахреин и Оман.

Подоцна, американскиот претседател заминува за Европа, прво, во Велика Британија, каде пристигнува вечерва, а потоа и во Германија.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија