Си Ен Ен: Кампањата на Русија во ЦАР ја финансира „готвачот“ на Путин

Од:

Руското присуство во Централноафриканската Република не е тајна, објави Си Ен Ен.

На улиците можат да се забележат пропагандни плакати со порака: „Русија: Рака под рака со вашата војска“.

Локални радио станици пуштаат руски балади и часови по руски јазик. Регрутите во војска се обучуваат на руски и користат руско оружје.

Комбинацијата од изнајмено оружје и паметен ПИ-АР го зголемува влијанието на Москва и надминувајќи ги противниците, Русија повторно се наметнува како главен играч во регионот.

Повеќемесечното истражување на Си Ен Ен потврди дека овој амбициозен потег во срцето на Африка го спонзорира Евгениј Пригожин – олигарх, многу близок до Кремљ, кој е познат како „готвач“ на Владимир Путин.

Тој е под санкции од САД поради финансирање на Агенцијата за истражување на интернетот, која се мешала во американските претседателски избори во 2016 година.

Ангажманот на Пригожин ја вклучува и компанијата „Лобеј Инвест“, која финансира радио станица во ЦАР. Исто така, финансира и обука на воени регрути во ЦАР, чиј број се зголемува, а дивидентите од „Лобеј Инвест“ ги отстапува за пронаоѓање дијаманти и злато во земјата богата со рудно богатство.

Се претпоставува дека тој е одговорен за операцијата „Вагнер“, која одигра важна улога во судирите во Украина и Сирија, наведува Си Ен Ен.

Би можело да ве интересира

Путин за моќното оружје: Температурата на боевата глава е иста како температурата на површината на Сонцето

Предраг Петровиќ

Мусаев: Со кодно име – „Краснов“, Трамп е руски шпион

Предраг Петровиќ

Медиуми: Путин и Доналд Трамп ќе се сретнат во Москва на 9 мај

Горан Наумовски

Состанок меѓу Трамп и Путин ќе има само ако има реален напредок во преговорите за мир

Катерина Ѓуровски

Разузнавачите тврдат: Путин сака да ја контролира цела Украина

Трамп: Можна е средба со Путин овој месец