Републиканскиот национален комитет ги обвини вчера американските телевизии Си-Ен-Ен и Ен-Би-Си дека ја промовираат Хилари Клинтон, како потенцијален кандидат за следните претседателски избори и им се закани дека ќе им забрани пренесување на предизборните дебати на кандидатот на Републиканската партија, доколу тоа и натаму продолжи.
Реакцијата на републиканскиот штаб следеше по најавата на двете големи телевизии дека подготвуваат документарни филмови за поранешната прва дама и поранешна државна секретарка, што републиканците го сметаат за бесплатна реклама за Хилари Клинтон.
Претседателот на Комитетот, Рејнс Прибус ипсрати писмо до Си-Ен-Ен и Ен-Би-Си, во кое бара од нив да се откажат од етмитувањето на тие документарци, кои ги нарече „политичка реклама, маскирана зад непристрасни продукции“.
Си-Ен-Ен планира да снимки долгометражен документарен филм за некогашната прва дама, претставувајќи го нејзиниот приватен и професионален живот. Целиот проект го предводи оскаровскиот продуцент Чарлс Фергусон, а емитувањето е планирано за следната година.
Другата национална телевизија Ен-Би-Си, најави мини серија наречена „Хилари“, во која ќе глуми Дајен Лејн. За сега не е објавено кога емисијата ќе биде снимена и емитувана, но тоа се планира пред изборите во 2016 година. Во четиричасовната серија ќе биде прикажан животот на Хилари во изминатите 15 години.
Двете телевизии, кои важат за блиски до Демократската партија и либералните кругови, се уште не се огласиле на писмото на републиканците.