Си-ен-ен: Бајден ќе ја номинира афроамериканката Кетанџи Браун Џексон за судијка во Врховниот суд

Од:

Американскиот претседател Џо Бајден ќе ја номинира судијката од Федералниот апелационен суд Кетанџи Браун Џексон, со што ќе стане првата афроамериканска судијка во историјата на Врховниот суд.

Џексон (51) треба да го замени либералниот судија Стивен Брејер (83) во Врховниот суд кој најави дека се пензионира.

Информацијата ја јави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на свои извори, а официјалната номинација се очекува Бајден да ја соопшти вечерва во Белата куќа.

Функцијата во Врховниот суд е доживотна. Во својата историја, од 115 судии, само двајца беа црнци, и двајцата мажи.

Џексон нема да ја промени идеолошката рамнотежа на силите во Врховниот суд бидејќи доаѓа на местото на либерален судија, а односот во моментов е 6-3 за конзервативците.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Бајден ќе присуствува на инагурацијата на Трамп

Бајден: Издавањето налог за апсење на израелски лидер е срамота

Горан Наумовски

Бајден наполни 82 години и стана најстариот актуелен претседател во историјата на САД

Медведев: Можеби старецот Бајден решил да го напушти овој свет и да земе дел од човештвото со себе

Катерина Ѓуровски

Синот на Трамп за одлуката на Бајден: Проклети, имбецили, сакаат Трета светска војна

Бајден одобри Русија да биде нападната од американски ракети

Горан Наумовски