Кинескиот претседател Си Џинпинг денес ги повика Бразил, Русија, Индија, Јужна Африка и другите членки на организацијата БРИКС да дејствуваат како мировни посредници за ставање крај на конфликтот на Блискиот Исток.
Кина ќе дејствува во таа улога заедно со другите членки на БРИКС, бидејќи војната не е во интерес на меѓународната заедница, изјави Си, пренесува Ројтерс.
Меѓу членките на БРИКС спаѓаат Египет, Етиопија, Индонезија, Иран и Обединетите Арапски Емирати, а населението на овие земји сочинува повеќе од 40 отсто од светското население.
На самитот на лидерите на БРИКС во Њу Делхи, Си изјави дека оваа група земји ја претставува водечката организација на Глобалниот југ и пример за независноста на земјите во развој.
