Си Џинпинг првпат во јавноста по смртта на лекарот што предупреди на коронавирусот

Од:

Кинескиот претседател Си Џинпинг првпат се појави во јавноста по смртта на лекарот Ли Венлианг, кој се обиде прв да предупреди на смртоносниот коорнавирус (2019-nCoV), пренесе агенцијата Анадолија.

Кинескиот претседател го посети Пејојанг, во Пекинг, за да се информира за превенцијата и контролата на смртоносниот вирус.

Ова е прва средба на Си со граѓаните по неговата кратка посета на Јунан од 19 до 21 јануари.

Си на граѓаните им порача дека „мораат да имаат доверба“ дека Кина ќе победи во борбата против епидемијата на коронавирусот.

Носејќи хируршка маска при посетата на медицинскиот персонал во болницата „Дитан“, во Пекинг, Си ја провери својата температура и им мавна на лицата сместени во апартманите, покажуваат снимките на ЦЦТВ.

Докторот Ли на 30 декември ги предупреди властите на новиот вирус, но тогаш од полицијата му кажале да престане да шири лажни вести.

Неговата смрт предизвика бурни реакции на социјалните мрежи.

Властите во Пекинг презедоа одредени активности, испраќајќи екипа сочинета од членови на високото дисциплинско тело на Комунистичката партија, која требаше да ја испита смртта на лекарот.

Би можело да ве интересира

Кинескиот потпретседател Хан Женг ќе присуствува на инаугурацијата на Трамп

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бројот на загинати во земјотресот во Тибет се искачи на 126

Горан Наумовски

Кинеска вселенска ракета експлодираше откако беше лансирана

Горан Наумовски

Кина распоредува голем број бродови околу Тајван

Горан Наумовски

Кинескиот министер за одбрана под истрага за корупција

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио