Си Џинпинг: Мерките против коронавирусот даваат резултати, борбата е во клучна фаза

Од:

Кинескиот претседател Си Џинпинг изјави денеска дека мерките на неговата земја за спречување на епидемијата на коронавирусот имаат ефект, но борбата се уште е во клучна фаза.

Според него, ситуацијата покажува позитивен тренд по тешките напори, но и понатаму е сериозна и сложена.

Си истакна дека новиот вирус ќе предизвика релативно тежок удар врз кинеската економија и општеството, но Владата ќе ја интензивира политиката на поддршка, за да се остварат целите на економскиот и општествениот развој за 2020 година.

Тој најави и дека Кина ќе води мудра монетарна политика. Исто така, Владата ќе разгледа и донесе низа даночни олеснувања, со цел да им помогне на малите претпријатија.

Би можело да ве интересира

Кина: Не учествуваме во управувањето со Панамскиот канал

САД најавија царини за стоки од ЕУ и Кина

Кинескиот потпретседател Хан Женг ќе присуствува на инаугурацијата на Трамп

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бројот на загинати во земјотресот во Тибет се искачи на 126

Горан Наумовски

Кинеска вселенска ракета експлодираше откако беше лансирана

Горан Наумовски

Кина распоредува голем број бродови околу Тајван

Горан Наумовски