Си-Би-Ес: Полицаецот Шовин го познавал Флојд

Од:

Поранешниот полицаец Дерек Шовин и Афроамериканецот Џорџ Флојд, кој почина за време на апсење, се судриле додека работеле како обезбедување во ноќен клуб, изјави нивниот поранешен колега Дејвид Пини за Си-Би-Ес.

Пини, кој работел со Флојд и Шовин во ноќен клуб, изјави дека Шовин бил многу агресивен, поради што тој и Шовин имале конфликти.

– Верувам дека она што се случи на 25 мај делумно беше лично, рече Пини.

Шовин е обвинет за убиството на Флојд на 25 мај во Минеаполис, бидејќи речиси девет минути клечеше со колено врз неговиот врат, иако Флојд неколкупати рече дека не може да дише.

Смртта на Флојд предизвика лавина протести против расизмот прво во САД, а потоа и низ целиот свет.

Би можело да ве интересира

Поранешен полицаец прогласен за виновен за помагање и поттикнување на убиството на Џорџ Флојд

Ана Ололовска

Поранешниот полицаец Томас Лејн призна вина во случајот за убиството на Џорџ Флојд

Ана Ололовска

Дерек Шовин ја обжали пресудата за убиството на Џорџ Флојд

Ана Ололовска

ВИДЕО: Полицаецот кој го уби Џорџ Флојд доби 22 години затвор

Жарко Настоски

Обвинителството во Минесота побара 30 години затвор за поранешниот полицаец Дерек Шовин

Ана Ололовска

Американското Министерство за правда отвори истрага против полицијата во Минеаполис

Жарко Настоски