Претседателот на Кина, Си Џинпинг, на видео средбата со францускиот колега Емануел Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц, истакна дека ситуацијата во Украина е загрижувачка и повика на максимална воздржаност.
Си наведе дека приоритет е ситуацијата во Украина да не излезе од контрола и оти трите држави со заеднички сили треба да ги поддржат мировните преговори помеѓу Русија и Украина.
Извор: МИА