Швајцарија од една германска компанија купила радар за потребите на воените аеродроми, но уште на самиот почеток се јавил проблем бидејќи уредот на правел разлика меѓу непријателски авиони и крави, објавија швајцарските медиуми.
– По се изгледа радарот работи нормално во низини, но во планини има проблем и на пример кога крава се движи по падините, тој ја идентификува како непријателски објект, изјави швајцарскиот министер за безбедност Вели Маурер.
Првите порблеми со радарот биле регистиррани уште во 2013 година, по што добавувачот на опремата направил измени во уредот, но и новите тестови во текот на 2014 година доживеале вистински дебакл.
Швајцарија за опремата платила 296 милиони швајцарски франци.