Шведскиот пијано штимер Харалд Хагегорд сега може да се титулира како носител на светскиот рекорд во селење на пијано, јави дописникот на МИА од Гетеборг.
Швеѓанецот бил член на експедицијата на Хималаите која однела пијано до едно изолирано село на 5.000 метри надморска височина.
Станува збор за проект кој бил инициран од страна на поранешниот шеф на Хагегорд, кој живее во Лондон.
Демонтираното пијано било носено во делови од членови на експедицијата и потоа повторно било соствено во споменатото хималајско село, јави шведскиот телевизиски канал „ТВ4 Вермланд“.