Швеѓанец го задавил својот 18-годишен син во автомобил во камп близу гратчето Барсебек. Потоа заминал од местото на настанот и планирал да си го одземе животот, јави дописникот на МИА од Гетеборг.
Пет часови подоцна полицијата го уапсила таткото, кој не стигнал многу далеку и се оддалечил само неколку километри на патот меѓу Хелсингборг и Ландскрона.
Општинскиот суд во Лунд денеска на сторителот, кој го признал делото, го осуди за убиство, така што ќе биде прислино сместен во психијатриска установа со посебни услови за испитуваљње на можностите за понатамошно евентуално лекување од слобода.
Таткото (47) бил погоден од сериозно психичко растројство, како при извршувањето на убиството така и подоцна при судско-медицинската експертиза. Таткото во истрагата зборувал за депресијата на неговиот син, при што рекол дека го извршил убиството за да го спаси синот од тешките психички измачувања, пишува „Хелсингборг дагбладет“.