Шведската црква донесе ново упатство според кое свештениците се советуваат да избегнуваат заменки од машки род кога зборуваат за Бог, а предлогот бил усвоен со големо мнозинство.
Одлуката треба да стапи на сила на 20 мај следната година, а надбискупот на Шведската црква Антје Јакелен изјави дека целта на ова е да се покаже на светот дека постои црква која може да носи и почитува различности.
– Да се нарекува Бог – Господ воспоставува родна хиерархија и подредена состојба на жените во западен феминистички контекст. Инклузивниот јазик во црквата е потребен, бидејќи е базиран на свесност на различностите за видлива дискриминација во општеството, изјави Софија Камнерин заменик претседавач во младината христијанска организација Екуменија.
Во правилникот стои дека наместо „тој“ да се користи само зборот „Бог“ и дека Бог треба да се нарекува и татко и мајка.