Универзитетот во градот Оребро, во централна Шведска е затворен денеска поради закана, која е испратена преку анонимна мобилна апликација „Џодл“, јави шведската телевизија СВТ.
– Доколку утре дојдете тука, тоа може да заврши лошо, гласела пораката испратена вчера до претставници на службата за безбедност на универзитетот „Ерик Нилсен“.
Раководството на Универзитетот сериозно ја зело предвид заканата и заедно со полицијата донело одлука да не одржува настава.
Универзитетот во Оребро е еден од поголемите во Шведска. Во него учат 17 илјади студенти и работат 1.200 професори и соработници.