Шведскиот премиер Фредерик Рајнфелд денеска поднесе оставка на функцијата по поразот на неговата конзервативна Умерена коалициска партија (МСП) на вчерашните парламентарни избори.
Својата оставка Рајнфелд попладнево му ја предал на претседателот на Парламентот, Пер Вестерберг.
– Можам само да кажам дека премиерот Рејнфелд ми ја предаде оставката – својата и на неговата Влада, изјави Вестерберг по средбата со Рејнфелд.