Шведски политичар тврди дека е син на Франсоа Митеран

Од:

Еден 25-годишен политичар од Шведска тврди дека негов татко е поранешниот француски претседател Франсоа Митеран, јави дописникот на МИА од Париз.

Наводниот син на Митеран, Хравн Форсне, кој е кандидат за пратеник на идните парламентарни избори во Шведска, „голената тајна“ сам ја открил за еден бесплатниот неделник во градот Кунгсбака, каде е кандидиран од конзервативната партија Модератерна на премиерот Фредрик Рејнфелд.

– Сакам да ме проценуваат по она што сум, а не за тоа што беше татко ми, сега кога ја водам првата предизборна кампања. Но, добро, тоа е случај: Франсоа Митеран беше мојот татко, тврди Форсне.

Тој притоа додава дека е роден во Париз и дека се преселил во Шведска на возраст од седум години.

Хравн Форсне, чие име потекнува од исландските саги и во превод значи „гавран“, тврди дека се сретнал со Митеран „пет-шест пати“. При смртта на првиот француски претседател социјалист во историјата, тој имал само седум години.

Мајка на Форсне е новинарката Кристина Форсне, која уште во 2012 година за шведскиот весник „Алфтонбладет“ обелодени дека имала долга врска со поранешниот француски претседател. Според неа, нивната врска траела 15 години.

Поранешната дописничка од Париз е автор и на биографија на Митеран, објавена во 1996 година, но одби од своја страна да открие дали тој е таткото на нејзиниот син, кој е роден во 1988 година, кога започна вториот претседателски мандат на Митеран.

Хравн Форсне ја започна политичката кариера во младинската организација најголемата партија на шевдската десница и беше член на Општинскиот совет на Кунгсбака. Студирал политички науки и право и работел во агенција за односи со јавноста, но тврди дека отсекогаш бил пасиониран од политиката, опредлба која според него повеќе се должи на професијата на неговата мајка – новинар, отколку на неговиот наводен татко.

На политички план тој е далеку од левичарските идеи кои ги бранеше Митеран, бидејќи партијата Модератерна се залага за приватизација на здраството, образованието и другите јавни служби, како на локлано, така и на регионално ниво.

Во Кунгсбака партијата Модератерна во 2010 година освои45,6 отсто од гласовите и доби четири пратеници. Ако Форсне сака да биде пратеник ќе мора да ги мобилизра гласачите, бидејќи се наоѓа на петтото место од листата.

Изјавите дадени во локалниот печат, набрзина се најдоа во ударните шеведски и француски весници, но тој одби да даде повеќе детали за неговите врски со наводниот татко, велејќи дека зборува само за локланите медиуми.

Би можело да ве интересира

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

Шведска и Финска: Украина може да ја нападне територијата на Русија без ограничувања

Пукање во Шведска: Тешко ранет е тинејџер

Пукање во Малме, најмалку едно лице загина

Двајца Британци убиени, па запалени во Шведска

Горан Наумовски

Аларм во Стокхолм: Поради можна бомба евакуирана е Централната железничка станица