Шведски обвинител утре ќе ги претстави заклучоците од истрагата за убиството на Палме

Од:

Вкупно 34 години по убиството на Улоф Палме, шведските власти се надеваат дека ќе откријат кој го убил социјалдемократскиот премиер додека се враќал дома од кино со својата сопруга и синот.

Обвинителот Кристер Петерсон утре ќе ги претстави заклучоците од истрагата за убиството на Палме, што ја води од 2017 година.

Палме беше убиен во Стокхолм непосредно пред полноќ на 28 февруари 1986 година.

Неуспехот да се реши случајот, и покрај најголемата потера во историјата на Шведска, предизвика незадоволство во земјата која се гордее со својата отвореност и толеранција.

– Тоа е отворена рана за Шведска затоа што не знаеме што се случило, изјави шведскиот премиер Стефан Лофвен во февруари.

Кога Петерсон ја презеде истрагата, малкумина очекуваа напредок. Сепак, во февруари изјави дека се надева оти случајот би можел наскоро да се реши, иако не може да има обвинение, што укажува дека осомничениот убиец е мртов.

Социјалдемократот Палме беше премиер од 1969 до 1976 година и од 1982 до 1986 година.

Некои го сметаат за архитект на модерна Шведска, додека конзервативците не го сакаат затоа што ги критикуваше САД.

Во 1989 година ситен криминалец беше осуден во првостепен суд за убиството на 59-годишниот Палме, но беше ослободен после жалба и почина во 2004 година.

Би можело да ве интересира

Наставник ги казни учениците, им залепи лента на устите

А1он

(ВИДЕО) Шведска на Евровизија ја претставуваат Финците кои пеат за сауни

Повеќето од жртвите на масакрот во Шведска се имигранти, сè сугерира дека нападот не е случајност

Државјанка на БиХ e убиена во масовно пукање во Шведска, нејзин сонародник е тешко ранет

Горан Наумовски

Убиецот од Шведска кој направи масакр: Со години носеше качулка и ги држеше рацете преку устата

А1он

Млад маж од Босна и Херцеговина e ранет во пукањето во училиштето во Шведска

Горан Наумовски