Шведски автомеханичар измамил старец да му плати 80.000 евра

Од:

Швеѓанец (86) подигнал од својата банковна сметка преку 800.000 круни (повеќе од 80.000 евра) во период од половина година. Поголемиот дел од парите завршиле во џебот на еден автомеханичар, кој е осуден на едногодишна затворска казна за тешка измама, јави дописникот на МИА од Гетеборг.

Службениците во банката во шведскиот град Борос реагирале на големите суми што старецот ги подигнувал од својата сметка, а, според полициската истрага, во периодот од мај до ноември тој 75 пати ја посетил банката за да подигне пари. Заедно со него во повеќе наврати во банката доаѓал и сопственикот на автомеханичарската работилница.

Според пресудата, 86-годишниот старец платил најмалку 590.000 круни за разните услуги што ги добил во споменатата работилница, пишува весникот „Борос тиднинг“ на својот сајт.

– Не ми беше по волја кога на крајот не добив сметкопотврда, вели измамениот старец, кој поседувал постар модел на „Волво“ од 1992 година.

Обвинителот го окарактеризирал кривичното дело како систематско искористување на лице во поодмината старост, со нарушено здравје и со проблеми со помнењето.

Сопственикот на автомеханичарскара работилница негирал дека го сторил делото.

Би можело да ве интересира

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

Шведска и Финска: Украина може да ја нападне територијата на Русија без ограничувања

Пукање во Шведска: Тешко ранет е тинејџер

Пукање во Малме, најмалку едно лице загина

Двајца Британци убиени, па запалени во Шведска

Горан Наумовски

Аларм во Стокхолм: Поради можна бомба евакуирана е Централната железничка станица