Шведската полиција не може да го соопшти бројот на жртвите од денешниот напад

Од:

Шведската полиција засега не може да каже колку лица се убиени или повредени во денешниот напад со камион на стоковна куќа во Стокхолм.

Медиумите претходно известија дека во денешниот напад загинале најмалку три лица, а поголем број се повредени.

Шведската полиција објави фотографија на лице за кое се верува дека е поврзан со нападот.

Шефот на одделот на полицијата за национални операции Матс Левинг изјави дека фотографијата е направена за време на нападот, во непосредна близина на инцидентот.

– Имам фотографија на лицето кое е видено на локацијата во тој момент. Сакаме да стапиме во контакт со ова лице – изјави Левинг на прес-конференцијата.

На зрнестата фотографија која ја покажа полицијата се гледа човек, кој носи јакна со темна качулка, темни панталони и светла маица.

Претходно, претстставникот на стокхолмската полиција Јан Евенстон изјави дека засега никој не е уапсен.

Би можело да ве интересира

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

Шведска и Финска: Украина може да ја нападне територијата на Русија без ограничувања

Пукање во Шведска: Тешко ранет е тинејџер

Пукање во Малме, најмалку едно лице загина

Двајца Британци убиени, па запалени во Шведска

Горан Наумовски

Аларм во Стокхолм: Поради можна бомба евакуирана е Централната железничка станица