Шведската полиција нападот во Стокхолм го третира како терористички чин

Од:

Шведската полиција инцидентот во Стокхолм го разгледува како евентуален терористички напад, јави шведската телевизија Ес-Ви-Ти.

Најмалку три лица загинаа откако камион удри го група пешаци во центарот на Стокхолм. Локалните медиуми соопштуваат за петмина загинати и поголем број повредени лица.

Шведскиот Јавен телевизиски сервис соопшти дека се слушнале и истрели, а полицијата ги предупреди граѓаните да го избегнуваат централното градско подрачје.

– Полицијата доби повик дека едно лице со возило повредило други луѓе во Дротингатан, напиша полицијата на Твитер.

Се верува дека камионот бил украден од една пиварница.

Инцидентот се случи околи 13 часот по локално време во близина на најголемата пешачка улица во Стокхолм.

Очевидци соопштија дека стотици лица во паника истрчале од продавниците, а полиција со тешко вооружување се наоѓа на местото на настанот.

Би можело да ве интересира

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

Шведска и Финска: Украина може да ја нападне територијата на Русија без ограничувања

Пукање во Шведска: Тешко ранет е тинејџер

Пукање во Малме, најмалку едно лице загина

Двајца Британци убиени, па запалени во Шведска

Горан Наумовски

Аларм во Стокхолм: Поради можна бомба евакуирана е Централната железничка станица