Шведската полиција е убедена дека 39-годишниот Рахим Акилов од Узбекистан е извршител на терористичкиот напад во Стокхолм, изјави началникот на полицијата Дан Елиасон.
– Уверени сме дека тој е извршителот, нагласи Елиасон.
Полицијата не ја исклучува можноста Акилов да имал соучесник и затоа истрагата продолжува.
Против Акилов се собрани различни докази од технички, записи од видеокамери, снимки. Сега обвинителството се очекува да поднесе обвиение против него.
Акилов признал на распит во полицја дека го извршил нападот и дека дејствувал по наредба на ИД во Сирија.
– Полицијата немаше информации за подготвување терористички напад, во спротивно тој ќе беше уапсен, додаде Елиасон.