Шведска во 2014 година, заедно со Велика Британија, беше земја-членка со најголемо влијание врз надворешната политика на ЕУ, јави дописникот на МИА од Гетеборг.
Посилно влијание имаше само Германија, констатира во својата анлиза тинк-тенк организацијата Европски совет за надворешни односи, (ЕЦФР).
ЕЦФР секоја година составува ранг листи на влијанието на земјите-членки на ЕУ, на кои Шведска во 2012 беше на четвртото место, во 2013 го делеше третото место, а лани се искачи уште едно место повисоко во рангирањето.
Франција е на четвртото место. Инаку, во однос на својата големина, (околу 9,5 милиони жители), Шведска лани беше несомнено највилајтелна земја во однос на креирањето на надворешно-политичките односи на ЕУ.
Заслугите за таквата запазена улога на Шведска во основа се поврзани со поранешната Влада, чиј мандат заврши во септември лани, а во која министер за надворешни работи беше Карл Билд.