Шведска се наоѓа на второ место на една ранг-листа на среќен живот, направена врз податоци во 34 земји, јави дописникот на МИА од Гетеборг.
Листата е составена од страна на ОЕЦД, врз база на фактори како приходи, здравствена состојба, сигурност и домување.
На врвот на листата е Австралија. Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) ги рангирала земјите поаѓајќи од т.н. „индекс-подобар живот“, а меѓу 11-те категории Шведска доби највисока оценка во однос на животната средина.
Шведските домаќинства имаат повисоки приходи во споредба со просечните приходи на домаќинствата во 34-те земји на ранг листата.
Повеќето шведски жители на возараст од 15 до 64 години добиваат плата за својата работа, при што луѓето во Шведска рабоатат помалку часови годишно, споредено со просекот.
Вкупно 85 отсто од шведските граѓани кои учествувале во испитувањето сметаат дека доживуваат повеќе позитивни отколку негативни нешта во текот на еден обичен ден, гледано од аспект на фактори какви што се болка, вознемиреност, тага и здодевност.
Австралија е рангирана подобро од Шведска во категориите работа, домување, социјално заедништво, демократски ангажман, здравство и сигурност.
Ова е трета година по ред Австралија да го заземе водечкото место на споменатата ранг-листа на ОЕЦД, пишува шведскиот весник „Дагенс нихетер“.