Шведска меѓу петте земји на светот со најквалитетен воздух

Од:

Квалитетот на воздухот во Шведска е меѓу најдобрите во светот, покажува новиот извештај од организацијата за заштита на животната средина „Гринпис“ и софтверската компанија AirVisual, пренесува „Локал“.

Студијата е заснована на мерења на PM 2.5-честички во 73 земји во 2018 година и на рангирањето на земјите од најзагадениот до најмалку загадениот воздух.

Шведска е рангирана на 69-тото место, што значи дека само четири земји имаат повисок квалитет на воздухот и дека концентрацијата на PM 2.5-честички во Шведска е во рамките на упатствата на Светската здравствена организација (СЗО).

Најдобрите земји се Исланд и Финска, кои се рангирани на 73. и 72. место.

Во меѓувреме, Стокхолм е меѓу трите главни града со најдобар квалитет на воздухот.

Во рангирањето на европските градови, Бредкелен, близу до Штромсунд во регионот на Јемтланд, е рангиран на прво место, а Умеа е 14-тото најчисто место во Европа.

На глобално ниво, во извештајот се истакнува колку места имаат слаб квалитет на воздух. Секоја година околу седум милиони луѓе умираат предвреме поради загадувањето на воздухот, а PM 2.5-честичките се еден од видовите на загадување што доведоа до најголеми здравствени проблеми. Во големи количества, овие честички можат да влијаат на респираторните и кардиоваскуларните системи.

Трите земји со највисока концентрација на PM 2.5-честички се Бангладеш, Пакистан и Индија, а 18 од најзагадените градови се исто така во овие земји.

Би можело да ве интересира

Повеќето од жртвите на масакрот во Шведска се имигранти, сè сугерира дека нападот не е случајност

Државјанка на БиХ e убиена во масовно пукање во Шведска, нејзин сонародник е тешко ранет

Горан Наумовски

Убиецот од Шведска кој направи масакр: Со години носеше качулка и ги држеше рацете преку устата

А1он

Млад маж од Босна и Херцеговина e ранет во пукањето во училиштето во Шведска

Горан Наумовски

Шведска: Најмалку 11 лица загинаа во пукање во училиштето во Оребро

Горан Наумовски

После масакрот во Шведска: Извршени се рации на повеќе локации во Оребро