Шведска ќе дозволи медицински потпомогнато оплодување за жените без партнер

Од:

Шведската влада објави во четврток дека сака да дозволи медицински потпомогнато оплодување за жените што немаат партнери.

„Сакаме да ја укинеме забраната за жените кои немаат партнери од сегашниот закон за медицински потпомогнато оплодување“, рече на прес конференција министерот за здравство Габриел Викстроем.

„Сегашниот закон се темелеше врз застареното мислење(за семејството) според кој се потребни двајца за да се одгледа дете…Знаеме дека тоа не е така и дека така никогаш не било“, додаде неговиот колега, министерот за правосудство Морган Јохансон.

Правилата за жените без партнер ќе бидат исти како и за паровите и нема да бидат построги,

Покрај тоа, така родените деца ќе имаат право да го дознаат идентитетот на донаторот на спермата, што законот веќе го предвидува.

Властите проценуваат дека околу 800 Швеѓанки секоја година го заобиколуваат законот и заминуваат во државите во кои е дозволено медицински потпомогнато оплодување. Ваквиот вид на оплодување е овозможена за жените што се сами во неколку држави како што се Белгија, Данска, Шпанија, Обединетото Кралство, Австралија и САД.

Во Шведска тоа би било можно од април 2016 година.

Освен крајната десница и демохристијаните, останатите шведски политичари го поддржуваат овој предлог.

Владата проценува дека на почетокот за тоа би можеле да бидат заинтересирани меѓу 1.500 и 2.000 жени.

Би можело да ве интересира

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

Шведска и Финска: Украина може да ја нападне територијата на Русија без ограничувања

Пукање во Шведска: Тешко ранет е тинејџер

Пукање во Малме, најмалку едно лице загина

Двајца Британци убиени, па запалени во Шведска

Горан Наумовски

Аларм во Стокхолм: Поради можна бомба евакуирана е Централната железничка станица