Шведска ја осуди акцијата на поддржувачите на ПКК во Стокхолм

Од:

Шведското Министерство за надворешни работи објави дека се преземени мерки во врска со фотографиите на Абдула Оџалан, шефот на терористичката организација ЈПГ/ПКК, проектирани на згради, како и сликите на организацијата, кои се раширени во публикациите на социјалните мрежи.

„Социјалните мрежи шират пораки и слики за кои веруваме дека се изманипулирани, и во кои се тврди дека Шведска ја поддржува ПКК“, се вели во соопштението на Министерството. Преземени се соодветни мерки“.

Се посочува дека случајот може да и нанесе голема штета на земјата: „Ова е очигледно насочена и злонамерна кампања на влијание за да се спречи Шведска да се приклучи на НАТО. Шведска јасно ја осуди ПКК како терористичка организација и ги осудува сите форми на тероризам. Министерката за надворешни работи Ен Линде никогаш не изрази поддршка за ПКК и категорично го отфрла манипулираното видео и ПКК“.

Профили на социјалните мрежи на терористичката организација ЈПГ/ПКК, поврзани со Шведска, споделија фотографии од проектирањето на симболите на терористичката организација на историското градско собрание и на таванот на арената Глобен Авичи во главниот град Стокхолм.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Повеќето од жртвите на масакрот во Шведска се имигранти, сè сугерира дека нападот не е случајност

Државјанка на БиХ e убиена во масовно пукање во Шведска, нејзин сонародник е тешко ранет

Горан Наумовски

Убиецот од Шведска кој направи масакр: Со години носеше качулка и ги држеше рацете преку устата

А1он

Млад маж од Босна и Херцеговина e ранет во пукањето во училиштето во Шведска

Горан Наумовски

Шведска: Најмалку 11 лица загинаа во пукање во училиштето во Оребро

Горан Наумовски

После масакрот во Шведска: Извршени се рации на повеќе локации во Оребро