Шведската армија соопшти дека испратила бродови, авиони и копнени трупи да ги истражат наводите за „странски подводни активности“ во Стокхолмскиот архипелаг.
Вооружените сили на Шведска наведуваат дека на разузнавачката операција во архипелагот и претходеле информации од блиски извори.
Шефот на операцијата, Џонас Викстром изјави дека во истрагата учестувуваат повеќе стотици луѓе.
Инаку овој настан потсетува на периодот од Студената војна, кога шведската војска редовно вршеше потраги по советски подморници во своите води.
Поради една советска подморница со нуклеарно оружје во 1981 година, 11 дена траел дипломатски спор, пред шведските власти да дозволат подморницата да исплови.
Е. Г.