Шведска го усвои законот за пристапување во НАТО додека чека ратификација

Од:

Шведскиот парламент денеска официјално го одобри законот кој ќе и овозможи на земјата да се приклучи на НАТО откако неговата апликација ќе биде ратификувана од сите 30 членки на Алијансата, пишува Ројтерс.

Шведска и соседна Финска поднесоа барање за влез во НАТО минатата година како одговор на руската инвазија на Украина. Сепак, овој процес е попречен од Турција, која, како и Унгарија, допрва треба да ги ратификува шведските и финските барања.

Очекувано, шведскиот парламент го усвои законот со големо мнозинство од 296 гласови за и 35 против. Левицата и Партијата на зелените гласаа против.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Шведска на Евровизија ја претставуваат Финците кои пеат за сауни

NBC: Трамп може да ги брани само членките на НАТО само ако трошат повеќе за одбраната

Мелони: Праведен мир во Украина е можен само ако НАТО им даде гаранција за безбедност

Третина од Украинците би се откажале од НАТО, петтина би се откажале од ЕУ

Лосон: Со Македонија сме партнери во НАТО и работиме заедно на стратешки цели

Горан Наумовски

Арсоски: Ние сме сериозни кон обврските во НАТО