Шведска ги зголемува расходите за одбрана

Од:

Шведската левоцентристичка малцинска Влада денеска соопшти дека постигнала договор со две опозициски партии за зголемување на расходите на одбраната за вкупно 8,1 милијарди круни (една милијарда долари) во следните три години.

Согласно договорот постигнат меѓу социјалдемократите, Зелените и Умерената коалициска партија во буџетот за секоја од наредните три години ќе бидат извдоени околу 2,7 милијарди шведски круни (околу 333 милиони долари) за одбраната. За периодот 2018 -2020 година средствата за одбрана ќе бидат зголемени за шест милијарди круни (750 милиони долари).

Шведските вооружени сили претходно побараа дополнителни девет милијарди круни за периодот 2017 -2020.

Буџетот за 2018 година ќе биде претставен на 20 септември.

Шведска воведе задолжителна воена служба и повторно распореди војници на стратешкиот балтички остров Готланд со цел да ја зајакне националната одбрана во момент на зголемени тензии меѓу Русија и балтичките држави.

Покрај тоа Шведска се повеќе се приближува кон НАТО иако Владата ја исклучува можноста за членство во Алијансата.

Би можело да ве интересира

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

Шведска и Финска: Украина може да ја нападне територијата на Русија без ограничувања

Пукање во Шведска: Тешко ранет е тинејџер

Пукање во Малме, најмалку едно лице загина

Двајца Британци убиени, па запалени во Шведска

Горан Наумовски

Аларм во Стокхолм: Поради можна бомба евакуирана е Централната железничка станица