Владата на Шведска денеска одлучи да го продолжи рокот на граничните проверки во земјата до 11 февруари, информира владината канцеларија.
-Одлуката е донесена во согласност со општото законодавство на ЕУ и врз основа на проценките на Владата за сѐ уште постоечката закана за јавниот ред и внатрешна безбедност. Според оценката на полицијата, сѐ уште е високо нивото на терористичка закана. Има пропусти и во контролата на надворешните граници во Шенген зоната. Тоа значи дека Шведска треба да ја запази својата внатрешна гранична контрола, се вели во соопштението.
Секоја седмица на шведската граница полицијата запира 150- 200 бегалци. Во 2015 година во државата со 9,8 милиони жители, пристигнуваат 163 000 бегалци. Во 2016 и 2017 година, во Шведска соодветно пристигнале 29.000 и 26.000 бегалци.
За да се ограничи протокот на бегалците, шведската влада воведе погранични контроли во почетокот на јануари 2016 година и ги заостри правилата за прием на бегалци.