Европската унија има можност да прими по еден милион бегалци годишно и може да воведе нови правила за давање на азил со мнозинско гласање, доколу не може да биде постигнат консензус меѓу земјите членки, изјави шведскиот министер за правда и миграции Морган Јохансон.
– Европа како континент треба да преземе одговорност за глобалната бегалска криза. Ние сме најбогатиот континент во светот и очигледно е дека ако некој може да се справи со овој проблем, тоа е Еврпа со нејзините 500 милиони жители, истакна Јоханскон.
Шведска има несразмерно големо влијание по прашањата за миграцијата во ЕУ поради нејзината традиционално либерална политика и фактот, дека прими поголем број мигранти по глава на жители од која било друга земја од ЕУ.
Коментарите на Јохансон сепак наведуваат на заклучокот дека постојат разлики меѓу ставовите на Шведска и големиот дел од членките на Унијата, пред се со земјите од Централна Европа кои се против воведувањето на квоти за прерспределба на бегалците.
Околу 1,3 милиони мигранти пристигнаа во Европа минатата година, бегајќи од земји, како Сирија, Ирак и Авганистан.
Тоа доведе до остри спорови меѓу земјите членки по прашањето за распределувањето на одговорноста.