Шведска е во НАТО, Унгарија даде зелено светло

Од:

Унгарскиот парламент денеска го одобри законот со кој и се дозволува на Шведска да се приклучи на НАТО.

Унгарија е последната од 31 членка на алијансата која го ратификуваше членството на Шведска по неколкумесечното „одолговлекување“ на владејачката партија Фидес по ова прашање.

По одлуката на Унгарија, НАТО се очекува да го потврди влезот на Шведска најдоцна до јули, за кога е закажан следниот голем самит во Вашингтон. Откако Унгарија ја ратификуваше одлуката, документот за влез на Шведска во НАТО ќе биде испратен до Соединетите Американски Држави, поточно до Стејт департментот, кој исто така ќе стави потпис на овој документ и ќе го депонира заедно со други документи на земјите членки на НАТО.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Шведска на Евровизија ја претставуваат Финците кои пеат за сауни

NBC: Трамп може да ги брани само членките на НАТО само ако трошат повеќе за одбраната

Мелони: Праведен мир во Украина е можен само ако НАТО им даде гаранција за безбедност

Третина од Украинците би се откажале од НАТО, петтина би се откажале од ЕУ

Лосон: Со Македонија сме партнери во НАТО и работиме заедно на стратешки цели

Горан Наумовски

Арсоски: Ние сме сериозни кон обврските во НАТО