Шведска е најконкуретна во ЕУ

Од:

Шведска е најконкурента меѓу земјите-членки на ЕУ според рангирањето направено од страна на швајцарската Висока школа за трговија, ИМД, јави дописникот на МИА од Гетеборг.

Но истовремено, во глобални рамки, Шведска е падната за едно место пониско во споредба со минатогодишното рангирање, од четврто на петто место, меѓу 60 земји во светот кои биле опфатени со истражувањето.

Како предности на Шведска, што ја зајакнуваат нејзината конкуретна сила, се наведуваат добрата инфраструктура во рамки на техниката и научните истражувања, како и високите стандарди на образованието, заштитата на животната средина и здравството, пишува ИМД во своето соопштение до медиумите.

На врвот на глобалната листа на ИМД се пласирани САД, по кои следат Швајцарија и Сингапур на второ и трето место, како и Хонг Конг на четврто место.

Би можело да ве интересира

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

Шведска и Финска: Украина може да ја нападне територијата на Русија без ограничувања

Пукање во Шведска: Тешко ранет е тинејџер

Пукање во Малме, најмалку едно лице загина

Двајца Британци убиени, па запалени во Шведска

Горан Наумовски

Аларм во Стокхолм: Поради можна бомба евакуирана е Централната железничка станица