Швајцарскиот претседател по трагедијата во Кран-Монтана: Земјата се соочува со еден од најцрните денови

Од:

Швајцарскиот претседател Гај Пармелин го опиша пожарот што избувна во скијачкиот центар Кран-Монтана како една од најлошите трагедии во швајцарската историја, објавија медиумите.

Зборувајќи на прес-конференција, Пармелин рече дека станува збор за „трагедија од невидени, ужасни размери“, нагласувајќи дека е длабоко потресен од обемот на катастрофата што ја погоди земјата.

Тој рече дека веќе разговарал со лидерите на соседните земји, вклучувајќи ги Франција и Италија, и дека не ја исклучува можноста меѓу жртвите да има странски државјани.

Пожарот избувна во барот „Ле Констелашн“ во скијачкиот центар Кран-Монтана во југозападна Швајцарија. Според полициското соопштение, околу 47 лица загинаа, а околу 115 се повредени, од кои повеќето се во сериозна состојба.

Локалните медиуми известуваат дека невнимателното ракување со пиротехнички средства се смета за можна причина за трагедијата, но официјалните власти нагласуваат дека истрагата е во тек и дека сите околности ќе бидат утврдени по детална истрага.

Швајцарските служби за итни случаи остануваат во целосна готовност, додека здравствените установи лекуваат голем број тешко повредени лица, а државниот врв најави дека јавноста ќе биде навремено информирана за новите факти во врска со една од најголемите катастрофи што ја погодиле земјата во поновата историја.

Би можело да ве интересира

На сопственикот на опожарениот бар во Кран Монтана му е одреден тримесечен притвор

Сопственикот на клубот на смртта во Швајцарија призна: Излезот за итни случаи беше заклучен

Барот на смртта во Швајцарија никој не го проверил шест години

Горан Наумовски

Семејството на Стивен Ивановски која загина во пожарот во Кран-Монтана бара донации за погребални трошоци

Сопственичката на ноќниот клуб во Швајцарија избега со полна каса пари додека луѓе гинеа во пожарот

А1он

Идентификувани се сите 116 повредени во ужасниот пожар во Швајцарија, меѓу нив четворица Срби и еден Босанец

Горан Наумовски