Швајцарски банкар украл 800.000 евра, за да си го спаси семејството

Од:

Службеник во УБС банка во квартот Корнавен во Женева, бил принуден да даде вреќа со пари на непознат крадец, кој што му соопштил дека му го киднапирал семејството.

Се започнало кога банкарот излегол на пауза и до него се доближил непознат маж, му покажал фотографија од неговото семејство и му рекол дека се киднапирани.

Службеникот под закана се вратил во банката, зел вреќа со пари и му ја предал на грабнувачот.

Измамникот со скутер кој што го управувал негов соучесник, побегнал во правец на Лозана.

Полицијата ги пронашла членовите на семејството на банкарот живи и здрави, а граничните служби веднаш биле известени за случајот.

Во полициското соопштение не се наведува сумата која што е украдена, но швајцарските медиуми наведуваат дека се работи за милион швајцарски франци (800.000 евра). Оваа банка беше на мета на крадци во септември 2011 година.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Советот на ЕУ го одобри влезот на Швајцарија во „воениот Шенген“

Се расипа жичарница во швајцарскиот ски центар, евакуирани се сите патници од гондолите

Криминалци разнесоа 25 банкомати во Швајцарија

ВИДЕО: Рекордно ниски температури во Швајцарија

Манекенката Кристина Јоксимовиќ ја убил сопругот, телото го мелел во блендер

Горан Наумовски

Јакин го продолжи договорот со Швајцарија

Предраг Петровиќ