Швајцарската полиција продолжува со потрагата по осомничени терористи во Женева

Од:

Властите во Женева го подигнаа денеска безбедносното ниво во момент кога полицијата продолжува да трага по неколку осомничени лица за тероризам во градот и реони околу него.

Ситуацијата не може да се спореди со таа во Брисел по нападите во Париз на 13 ноември, соопшти полицијата во Женева.

Женевските власти ги засилија мерките за безбедност во европската централа на ОН, синагогите, аеродромот и железничките станици.

Според информации на локални медиуми, неколкумина осомничени влегле на територијата на Швајцарија од Франција со автомобил со белгиски регистерски таблички. Медиумите јавуваат дека еден од осомничените е близок соработник на Салах Абдеслам, за кој се претпоставува дека учествувал во нападите во Париз.

Би можело да ве интересира

Советот на ЕУ го одобри влезот на Швајцарија во „воениот Шенген“

Се расипа жичарница во швајцарскиот ски центар, евакуирани се сите патници од гондолите

Криминалци разнесоа 25 банкомати во Швајцарија

ВИДЕО: Рекордно ниски температури во Швајцарија

Манекенката Кристина Јоксимовиќ ја убил сопругот, телото го мелел во блендер

Горан Наумовски

Јакин го продолжи договорот со Швајцарија

Предраг Петровиќ