Швајцарска полиција: Четири српски државјани меѓу повредените во Кран-Монтана

Од:

Четири српски државјани се повредени во пожар што избувна во бар во швајцарскиот скијачки центар Кран-Монтана, објави денес швајцарската полиција.

Вкупно 119 лица се повредени, а полицијата соработува со девет земји во процесот на идентификација.

Лекувањето на повредените на новогодишната ноќ во Швајцарија може да трае со месеци, изјави Ерик Бонвин, директор на болницата Сион.

Тој рече дека планот за итни случаи веднаш бил активиран кога пациенти со тешки изгореници почнале да пристигнуваат на новогодишната ноќ.

„Навикнати сме на трауми и несреќи при скијање, но ова беа многу сериозни повреди“, изјави Бонвин за телевизиската станица Швајцарската романда.

Кога е изгорена голема површина од кожата, телото повеќе нема никаква заштита, објасни Бонвин.

Би можело да ве интересира

ЗОИ 2026: Женскиот хокеарски тим на Швајцарија во изолација поради норовирус

Горан Наумовски

Стасис од WEF26: Енергетска и технолошка трансформација во пракса – како ППЦ се развива во Powertech Групација

Горан Наумовски

На сопственикот на опожарениот бар во Кран Монтана му е одреден тримесечен притвор

Сопственикот на клубот на смртта во Швајцарија призна: Излезот за итни случаи беше заклучен

Барот на смртта во Швајцарија никој не го проверил шест години

Горан Наумовски

Семејството на Стивен Ивановски која загина во пожарот во Кран-Монтана бара донации за погребални трошоци