Швајцарија соопшти дека замрзнала осум милијарди долари руски средства

Од:

Швајцарските власти досега замрзнале руски средства во вредност од 7,5 милијарди швајцарски франци (8,03 милијарди долари) поради војната во Украина, изјави денеска Ервин Болингер од Државниот секретаријат за економски прашања.

Цифрата беше 5,7 милијарди франци пред две недели.

Според Здружението на швајцарските банкари, од 150 до 200 милијарди франци од руски физички лица се на сметки во Швајцарија.

Болингер, сепак, истакна дека не сите од тие лица се предмет на санкции. Во моментов, мерките погодија нешто помалку од 900 луѓе.

И покрај тоа што не е земја-членка на ЕУ, Швајцарија ги исполни санкциите на Европската унија кон Москва.

Според Болингер, Швајцарија повлекла повеќе руски средства од дофат на нивните сопственици отколку која било друга земја. Тој рече дека Холандија замрзнала околу 500 милиони евра, додека другите земји не дале никакви информации.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Песков: Русија сака Србија да ги реши сите проблеми што е можно поскоро и да се врати на мирен развој

Медиуми: На Велигден ќе се прогласи крај на војната во Украина

(ВИДЕО) Часив Јар падна во рацете на руската војска по долга опсада

Горан Наумовски

Руската војска уништи 32 украински беспилотни летала

Унгарија попушти, ЕУ ги продолжи санкциите кон Русија

Горан Наумовски

Руските сили интензивно напредуваат низ регионот на Доњецк

А1он