Швајцарската Влада предложи предлог-закон за ограничување на имиграцијата од ЕУ по референдумот, одржан во февруари 2014 година, што предизвика полемика меѓу Берн и Брисел.
Пред една година, Швајцарците гласаа за наложување квоти врз имиграцијата од ЕУ, што може да доведе до прекин на договорот, кој овозможува слободно движење луѓе меѓу земјите-членки на Унијата и Швајцарија. По референдумот, Владата има рок од три години за да усвои соодветен закон.
При предложувањето на предлогот за ограничување на имиграцијата од ЕУ Владата на Швајцарија истакна дека ќе се стреми за разговори со Брисел, за да не бидат нарушени билатералните договори, вклучително и за слободно движење луѓе.