Швајцарија прва во светот по квалитет на човечки ресурси

Од:

Истражувањето на Светскиот економски форум (ВЕФ), спроведено во 122 земји во светот, покажува дека најквалитетни човечки ресурси има Швајцарија.

На второ место се наоѓа Финска, а на трето Сингапур. Холандија е четврта, а следат Шведска и Германија. На последно место на листата е Јемен, наведува швајцарскиот весник 24 часа.

Меѓу првите десет земји на листата, најголем дел се од Северна Европа, а надвор од Европа се Сингапур и Канада.

Во извештајот на ВЕФ се наведува дека Индексот на човечки ресурси го мери капацитетот на државите да развијат и користат здрави, квалификувани и компетентни човечки ресурси. Јапонија се наоѓа на 15 место, САД на 16, Франција на 21, а Кина на 43 позиција. Русија е 41, Бразил 57, Индија 78, а Јужна Африка на 86 место.

Би можело да ве интересира

Советот на ЕУ го одобри влезот на Швајцарија во „воениот Шенген“

Се расипа жичарница во швајцарскиот ски центар, евакуирани се сите патници од гондолите

Криминалци разнесоа 25 банкомати во Швајцарија

ВИДЕО: Рекордно ниски температури во Швајцарија

Манекенката Кристина Јоксимовиќ ја убил сопругот, телото го мелел во блендер

Горан Наумовски

Јакин го продолжи договорот со Швајцарија

Предраг Петровиќ