Швајцарија најдобра дестинација за живот за странци

Од:

Швајцарија е пред Сингапур како најдобра дестинација за живот за странци. Според анализата на Expat Explorer на HSBC, државата која е дом на едни од водечките банки и фармацевтски лидери во светот, е избрана за број 1 во светот за живот и работа на странци.

Лани на таа листа Швајцарија беше на осмата позиција.

Според анализата, просечната плата во таа држава е 111.587 долари и е за 47 отсто над просечната во останатите 33 држави што ги имале предвид во истражувањето.

Седуммина од десет странци велат дека приходите им се зголемиле значително по преселување во Швајцарија.

По Швајцарија следуваат Сингапур, Канада, Шпанија, Нов Зеланд и Австралија.

Турција на таа листа има најголем „скок“ – од 22. на седмо место, пред се поради отвореното и гостопримливо општество во таа држава.

Велика Британија падна до 27-то место од 10-то и Шведска, која минатата година беше седма, сега е на 20-то место.

Би можело да ве интересира

Советот на ЕУ го одобри влезот на Швајцарија во „воениот Шенген“

Се расипа жичарница во швајцарскиот ски центар, евакуирани се сите патници од гондолите

Криминалци разнесоа 25 банкомати во Швајцарија

ВИДЕО: Рекордно ниски температури во Швајцарија

Манекенката Кристина Јоксимовиќ ја убил сопругот, телото го мелел во блендер

Горан Наумовски

Јакин го продолжи договорот со Швајцарија

Предраг Петровиќ