Швајцарската влада денеска најави дека ќе потпише договор за купување на 36 борбени авиони „Локид Мартин Ф-35А“.
Набавката на авионите во вредност од 5,5 милијарди долари е најавена без претходен референдум.
„Планирано е авионите да бидат испорачани од 2027 година, со цел луѓето да бидат заштитени од воздушни закани по 2030 година“, се вели во соопштението на владата.
Минатата недела, Швајцарија избра да нарача Ф-35 како нова генерација ловци, што предизвика незадоволство кај противниците кои бараа референдум со цел да се промени, како што велат, „одлуката за непотребно `Ферари`“.
Извор: МИА