Швајцарија изгласа воведување тринаесетта пензија

Од:

Швајцарците на референдум изгласаа воведување на тринаесетта пензија. Дури 58% биле за, додека 42% гласачи биле против ваква одлука.

Мерката беше предложена од Швајцарската федерација на синдикати, а потребно беше да се добијат гласовите на повеќе од 26 швајцарски кантони, за да биде усвоена.

Владата, трговското лоби и собранието го одбиле предлогот, тврдејќи дека е финансиски неодржлив. Швајцарските избирачи и претходно бле внимателни кон мерки кои може да бидат ризички за државата.

Од друга страна, оваа мерка е во спротивност на другите референдуми кои се случувале изминатите децении, со кои Швајцарците децидно не прифаќаа скратување на работната недела и продолжување на годишни одмори.

Сепак, во земјата владее загриженост околу растечките трошоци за живот. Цирик заедно со Сингапур ја делат титулата за најскапи градови во светот.

Но, според швајцарските пензионери, оваа мерка е сосема валидна, бидејќи на сите им се потребни повеќе пари за живеење.

Би можело да ве интересира

Голем број богати Американци отвораат сметки во швајцарските банки

(ВИДЕО) Поплави во Италија, снежна бура на Алпите, падна еден метар снег, градови се отсечени

Швајцарија: Царините на САД се неприфатливи, но нема планови за одмазднички мерки

Милијарди евра руски пари се „замрзнати“ во Швајцарија

Советот на ЕУ го одобри влезот на Швајцарија во „воениот Шенген“

Се расипа жичарница во швајцарскиот ски центар, евакуирани се сите патници од гондолите