Швајцарија издаде дозвола за итна употреба на вакцината на „Фајзер“ и „БиоНТек“

Од:

Швајцарската Агенција за регулација на лекови „Свисмедик“ денеска издаде дозвола за итна употреба на вакцината од компаниите „Фајзер“ и „БиоНТек“, оценувцајќи дека станува збор за прво одобрение во светот што ја минало стандардната процедура.

„Свисмедик“ дозволата за итна употреба ја издаде два месеци по поднесување на апликацијата, во постапка на разгледување на приложената документација, што е ажурирана и редовно прегледувана.

„Податоците што во моментов ни се достапни покажуваат висок степен на ефикасност, безбедност и квалитет на вакцината во сите возрасни групи вклучени во испитувањата“, се наведува во соопштението на швајцарската Агенција за регулација на лекови.

„Свисмедик“ ги разгледува и апликациите за добивање дозвола за итна употреба на вакцини изработени од компаниите „Модерна“ и „АстраЗенека“.

Би можело да ве интересира

ФДА ги одобри обновените Ковид-19 вакцини против сојот Омикрон БА.4 и БА.5

ЕК се подготвува за следната фаза на Ковид-19, треба да се зголеми вакцинацијата

А1он

ФДА: Сегашните вакцини не штитат најдобро од омикрон

А1он

Комисијата за имунизација во Грција препорачува четврта доза од вакцината за лицата над 60 години

А1он

Бурла: Интензивно работиме на годишна вакцина

А1он

Kараванот за вакцинирање против КОВИД-19 ќе трае уште два дена

А1он