Швајцарија инвестира 1,7 милиони евра во изградба на „драјв-ин“ гаражи за секс

Од:

Властите во Цирих ќе отворат „драјв-ин“ гаражи наменети за секс кои треба да придонесат за безбедноста на проститутките и нивните клиенти.

Девет „гаражи“, чија изгредба чини 1,7 милиони евра, сместени во поранешна индустриска зона во западниот дел на градот ќе бидат ставени на располагање кон крајот на август. Работно време на гаражите ќе биде од раните вечерни часови до пет часот наутро.

Проституцијата е легална во Швајцарија, а властите гаражите за секс ги најавија во ноември, откако граѓаните на референдум го изгласаа тој план.

Новиот план е дел од иницијативата за отстранување на проститутките од центарот на градот и станбените населби.

– Сакаме да ставиме ред во проституцијата, каде сега владее законот на џунглата.

Макроата одлучуваат за цената. Ние сакаме да помогнеме за подобрување на состојбата на проститутките, нивното здравје и безбедност, но и за жителите на Цирих, истакна претставникот за социјални прашања Михаел Херциг.

 

Би можело да ве интересира

Советот на ЕУ го одобри влезот на Швајцарија во „воениот Шенген“

Се расипа жичарница во швајцарскиот ски центар, евакуирани се сите патници од гондолите

Криминалци разнесоа 25 банкомати во Швајцарија

ВИДЕО: Рекордно ниски температури во Швајцарија

Манекенката Кристина Јоксимовиќ ја убил сопругот, телото го мелел во блендер

Горан Наумовски

Јакин го продолжи договорот со Швајцарија

Предраг Петровиќ